Stilski figuri - semanticki
figuri ili tropi - metafora (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16 | Nivo:
Filoloski fakultet Sv.Kiril i Medodij-Skoplje
Катедра за општа и
компаративна книжевност
Стилски фигури - семантички фигури или тропи
метафора
-семинарска работа-
Основни одлики
Семантичките фигури или тропите се оние места во
говорот кај кои највидливо доаѓа до прекршување на неговиот
дискурзивно-конвенционален тек и до критичко превреднување на парадигмите на
јазичните знаци. Семантичко-текстонските поместувања на јазичната почва немаат
цел да ги урнат востановените и вообичаени лексички правила, шифри-денотати –
напротив, ги користат, ги прошируваат и доразвиваат – ниту прават пустош во
јазикот, туку градат посуптилни, посложени, поживописни, поречити и нови
јазични ситуации и односи, живеалишта на мислата, на идеите, на чувствата, на
насетувањата...Следствено, семнатичките фигури не се деструктивни ами
конструктивни и суштински креативни јазични елементи/чинители) Тие се
авангардата на јазикот. Неговата расплодница. Тропите можат да се сметаат за
мрестилиште на нови/млади поими. Нивната основна функција е, во постојаниот
зборовен фонд да се постигне максимум семантички единици. Тропите се вклучуваат
и партиципираат во процесот на именувањето на новите појави, во создавањето
нови лексичко-семантички единици. Со тропите се постигнува старите зборови
(ознаки) да означуваат нови претстави (означени) за појавите од предметниот и
беспредметниот свет, од човечката вкупна “стварност”. И во таков случај се
работи за соодноси меѓу означени, а не меѓу ознаки. За да именуваат нови
животни појави, постојаните лексеми/зборови го менуваат своето место на живеење
во речникот на еден национален јазик заземено во одреден степен од еволуцијата
на тој јазик и преминуваат во друго место, во друг контекст. Благодарение на
слободата на промената на контекстот, доаѓа до појавата на полисемичност,
повеќезначност во јазикот, со еден збор да се искажат/именуваат повеќе нешта,
повеќе поими, во еден збор да се содржат повеќе зборови. Полисемијата, и покрај
тоа што е во зачетокот на семантичкото фигурирање на јазичните знаци и покрај
тоа што донекаде ја објаснува појавата на тропите со уметничката вредност,
сепак е општојазичен, а не уметнички факт. Поетската фигуративност/семантичност
не постои (толку) заради создавање нови именки-знаци туку (колку) заради
внимателно понирање во постојаните имнеки – знаци, за нивно нежно атрибутирање,
парадигматизирање, прикажување од повеќе агли, во различни светлини... Со
тропите се укинува автоматизација во употреба на јазичните знаци. Тие се
синоними на принципот на креативност во јазикот. Нивните мотивации не се
прагматски туку идејно-естетски, сознајно-естетски, творечко-стилски...
Стилско-естетската структурираност на поетскиот говор е предиспонирана за тоа,
сите елементи на песната да бидат “смисловни елементи”, а формално-содржинските
зависности меѓу јазичните знаци да бидат повратни и повеќеслојни. Она по што се
одликуваат семнатичките од другите (поетски) фигири е секогаш воспоставливиот
однос меѓу повеќето означени во една ознака или две ознаки, меѓу денотатот и
конотатот, меѓу tenor и vehicle, меѓу смилста што се потиснува и онаа што се
навестува. Тој однос не е ист кај сите тропи, а се деференцира според типовите
на паралелизам меѓу означените и ознаките, според тепенот на субјективноста и
објективноста во видувањето на нештата што се именуваат, според видот на
заедничките точки меѓу споредувачот и споредениот, т.е според видот на tertium
comparationis, според степенот на “фантастичноста” или на парадигматското
растојание меѓу означените. Како признаци на парадигмата на текстот,
семантичките фигури се најзначајните разводници на идејно-естетските слоеви на
книжевно-уметничкото дело, во нив се сублимирани идеите и мисловно-сликовните
содржини и квалитети на тоа дело, преку нив се посматра неговото
стилско-естетско-структурирање и ефектите од целината на елементите на тоа
дело/песна. Семантичките фигури, следствено, го разубавуваат текстот, но тоа не
е нивна врховна ни основна цел. Орнаменталниот карактер на семантичките фигури
е нивна споредна одлика. Од суштествено значење за нив е улогата во
идејно-естетско постоење на самиот уметнички текст и во неговото восприемање од
читателот/рецепторот. Таканаречениот семантички прекршок или отстапка или
аномалија кај фигурите, е особено нагласена кај тропите, поради нивното основно
својство да им се спротивставуваат на нормите на
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!